ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Светска банка: Раст на инфлацијата од 3 отсто, повисоките плати не се во согласност со продуктивноста

Раст на инфлацијата од три отсто во 2024 година и враќање на долгорочниот просек на земјата од два процента во периодот 2025 – 2026 година, очекува Светска банка (СБ) за економскиот развој на Северна Македонија. На денешната презентација на редовниот Економски извештај за Западен Балкан, беше посочено дека ризик е зголемувањето на платите, кои не се во согласност со продуктивноста и тоа е нешто што годинава може да ја одржи инфлацијата на зголемено ниво.

Според Светска банка, Северна Македонија бележи зголемен буџетски дефицит, а минатата година имала и економски раст најнизок во регионот. Оваа година се очекува растот да биде силно поттикнат од градежните работи на автопатиштата.

„За 2024 година проектираме стапка на раст на инфлацијата од три отсто, а во 2025 – 2026 година, на подолг рок, враќање на долгорочниот просек на земјата од два процента. Во целиот период на проекција имаме претпоставка дека тоа ќе се намалува, останува повисок од долгорочниот просек во 2024-та, но сепак, многу пониско од тоа што беше минатата година кога видовме 9,4 отсто раст на инфлација, а претходната година 14,2. Трендот на намалување продолжува, но ова забавено враќање на нормалата кај нас резултитра од второстепените ефекти на инфлацијата. Ако на почетокот инфлацијата беше главно предводена од растот на цените на храната и енергијата, сега веќе тој раст се пренесува во производството. Ова е тој второстепен ефект на зголемувањето на цените кој продолжува и ние го гледаме во повисока т.н. базична стапка на инфлација. Тоа останува сè уште високо за Северна Македонија, затоа очекуваме да има притисоци од таму, исто така и од континуираниот раст на платите кој продолжува и очекуваме дека ќе продолжи“, истакна економистката Јоана Маџоска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button