ВЕСТИСВЕТ

СЗО ќе информира за наредната истрага за потеклото на ковид-19

Шефот на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејезус денеска ќе ги извести 194-те земји-членки на СЗО во врска со предложената втора фаза на истрагата за потеклото на пандемијата на ковид-19 во Кина. Според него, имало недостаток на сурови податоци за првите денови на ширење таму и ги повика кинеските власти да бидат потранспарентни. Тим предводен од СЗО помина четири недели во и околу градот Вухан со кинески истражувачи и во заедничкиот извештај во март соопшти дека вирусот најверојатно бил пренесен од лилјаци на луѓе преку друго животно. Во него се вели дека „инфицирањето преку лабораториски инцидент се сметало за крајно малку веројатна патека“, но земјите, вклучително и САД и некои научници не се задоволни од ваквата оценка.

Advertisements
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button