ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

СЗО: Властите во Скопје да го подготват теренот за вакцините

Шефот на СЗО во Македонија, Џихан Тавила, ги обвинува домашните институции за доцнењето на вакцините. Таа впери прст кон здравствените власти дека прво мора да создадат услови.

“Вакцината пристигнува, има многу подготовки што треба да се направат”, рече Тавила.

Вакцината против Ковид може да стигне во февруари. А, поради тоа што ветувањата од 4 земји од ЕУ дека ќе отстапат определени дози за Македонија од јануарските контингенти не се исполнија, државава сега се надева на СЗО.

„Имаме информации дека вакцината преку „Ковакс“ ќе дојде наскоро. Министерството за здравство работи со овој систем и во соработка со УНИЦЕФ да бидат сигурни дека вакцината ќе дојде на време“, додава Тавила.

Инаку, од СЗО денеска донираа лабораториска опрема во Институтот за судска медицина за анализа на брисеви за Ковид-19. Министерот Филипче уверува дека оперативниот план за вакцинација е подготвен, а неделава се очекува да пристигнат и посебните фрижидери за нивно чување.

Македонија е меѓу единствените земји во регионот што сè уште нема добиено вакцини. Но, ние сме меѓу првите 10 во светот според инциденцата на заразување по глава на жител. Иако определени донации најавија Бугарија, Грција, Полска и Австрија, ниту една од нив досега не го стори тоа со објаснување дека немаат доволно дози ни за себе.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button