ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Талат Џафери избегнува да преземе мерки против Арбер Адеми

Претседателот на Собранието, Талат Џафери бара граѓаните сами да проценат кој го предизвикал инцидентот во собраниската комисија, иако во Законот за Собрание е наведено дека мерки против нарушување на редот на пратениците презема првиот човек на Собранието.

Закон за Собранието, член 43:

„За одговорноста за нарушување на редот на Собранието од страна на пратениците или надворешни лица кои учествуваат во работата на Собранието, одлучува претседателот на Собранието и одобрува мерки во претходна консултација со потпретседателите и координаторите на пратеничките групи.“

Ставот на Џафери опозицијата го оценува за скандалозен. Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека одговорот на граѓаните ќе биде најгласен на денот на изборите.

Поранешниот потпретседател на Собранието и пратеник на Движењето Беса, Фадил Зендели смета дека решението на овој проблем е одговорност на Џафери, кој според него, не смее да се крие и преку соопштенија да си ја трга одговорноста.

„Сметам дека претседателот на Собранието не треба да се крие зад камерите и позади она што се гледа на видео-снимките, туку треба да преземе одговорност така како што милува да каже дека тој е првиот во Собранието. Првиот во Собранието нема само привилегии, туку и одговорност“, рече Зендели.

Алијанса за Албанците оценува дека односот на Џафери докажува дека целиот случај е монтиран. Според албанската опозиција, Џафери го брани Адеми исто како што го бранеше и Трајко Вељановски во претходниот мандат.

„Очекувано е Талат Џафери да го брани Арбер Адеми, исто како што Адеми го бранеше Џафери кога ја навредуваше администрацијата на Собранието, како што двајцата заедно синоќа ги бранеа судиите и обвинителите поставени од пазарењата на Блерим Беџети, Јанкуловска и Мијалков или како што го штитеа Трајко Вељановски и другите криминалци од претходниот режим и од сегашниот режим. Кога тој вака се однесува пред камери и со пратениците, лесно може да се констатира како се однесуваат со граѓаните далеку од камерите“, наведуваат од АА

На синоќешната координација кај Џафери не дојдоа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и од Алијанса за Албанците.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button