ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Таравари кажа што е предуслов ВЛЕН да стане дел од владина коалиција

Не само ВЛЕН, туку ниту една партија на Албанците нема да прифати влез во влада којашто нема да се заложи за продолжување на европскиот пат на државата, рече претседателскиот кандидат на коалицијата ВЛЕН (ВРЕДИ), Арбен Таравари.

„Ние јасно сме кажале, ако некој не е подготвен да го продолжиме европскиот пат на Македонија, ние не сме тука. Тоа е предуслов, јас не велам веднаш, меѓутоа да имаме одреден лимит, да имаме гаранции од меѓународниот фактор дека тоа ќе се случи…мислам дека ова е став не на ВЛЕН, на сите политички партии на Албанците. Има џентлменски договор меѓу нас дека не би биле никогаш дел од некоја влада којашто нема да прифати Македонија да го продолжи европскиот пат. Немаме друга алтернатива“, рече Таравари.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button