СПОРТФУДБАЛ

Манчестер Сити го продава Грилиш за Кваратшкелија?

Иднината на Џек Грилиш во Манчестер Сити е доведена во прашање, бидејќи „граѓаните“ планираат да го реконструираат својот тим во текот на летото, пренесуваат медиумите на Островот.

Шампионот, кој има за цел повторно да ги освои трофеите во Премиер Лигата, Лигата на Шампионите и ФА Купот, се обидуваат да го подобри својот тим за следната сезона. Тоа може да значи продажба на некои од големите имиња на „Итихад“, а еден од играчите чија иднина е далеку од сигурна е Џек Грилиш.

Репрезентативецот на Англија имаше тешка сезона со голем број повреди како врв на лошата форма. Поранешна ѕвезда на Астон Вила поголем дел од натпреварите ги почна од клупата за резерви или воопшто не беше вклучен во составот.

Манчестер Сити е заинтересиран за крилниот напаѓач на Наполи, Квица Кварацхелија, кој би дошол на местото токму на Џек Грилиш. Сепак, англичанецот има актуелен договор и Сити ќе мора да пронајде заинтересирани клубови за негова продажба.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button