ЗДРАВСТВО

Таравари: Лекари од приватното здравство сакаат да се вратат во јавните болници

Некои лекари од приватни клиники се заинтересирани да се вратат на работа во јавното здравство. Вака изјави министерот за здравство Арбен Таравари кој најави дека нивното вработување ќе се врши во клиниките каде има најголем недостиг од здравствени работници.

Advertisements

„Ние како влада ќе побараме решение, одредени експерти кои имаат над десет години искуство како специјалисти и субспецијалисти во тие клиники и болници каде што има недостаток на кадар да ги вратиме и сигурен сум дека ќе изнајдеме решение, одреден број од нив да се вратат. Тоа укажува дека се враќа доверабата во јавно здравствените установи“, рече Таравари.

Таравари денеска промовираше девет лекови вредни девет милиони евра, меѓу кои за висок притисок, срцеви заболувања, депресија и деменција, кои стануваат дел од Позитивната листа. Како што информира денеска министерот за здравство, станува збор за девет генерици претставени преку 87 лекови.

Линда Ебиби

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button