МАКЕДОНИЈА

Тасева: Не гледам разлика помеѓу случајот со Рашковски и планот за градба кај Холидеј Ин

Претседателка на „Транспаренси интернејшенел – Македонија“ и екс претседателка на ДКСК, Слаѓана Тасева, не гледа разлика, кога е во прашање кривичното право, помеѓу случајот со софтверот на Драги Рашковски и плановите за изградба на висококатници на паркингот наспроти хотелот Холидеј Ин во Скопје. Коментирајќи го случајот со Деталниот урбанистички план на Општина Центар, Тасева вели:

„Бидејќи кривичното право подеднакво се применува во сите ситуации, не гледам разлика помеѓу ситуацијата со Генералниот секретар во владата и тендерот за јавна набавка и овој случај за којшто сега зборуваме, планот за градење спроти Холидеј Ин. Како е направен без да се почитува ГУП, како не се испочитувани сите процедури, како се носени одлуките“, вели Тасева.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button