ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Теренска вакцинација за жителите во битолските рурални средини

Тимови на здравствениот дом „Др Хаим Абраванел“-Битола од утре до 27 јули ќе вршат теренска вакцинација на жителите од битолските рурални средини. Први со вакцинацијата ќе бидат опфатени жителите од селата Кравари, Оптичари, Егри, Жабени, Кременица и Меџитлија, кои ќе треба да се вакцинираат во пунктовите лоцирани во тамошните училишта.

Advertisements

На 13 јули тимовите на Здравствен дом ќе престојуваат во потпелистерски села Дихово, Нижо Поле, Трново, Магарево, Брусник и Лавци, а на 14 јули во Буково, Крстоар, Бистрица, Олевени, Барешани и Канино.

Според јавно истакниот план за теренска вакцинација во Општина Битола до 27 јули ќе бидат опфатени над 50 битолски села, а ќе се вакцинира и населението во општините Новаци и Могила.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button