ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Тешка сообраќајка на патот Куманово-Свети Николе, има повредени

Три лица се повредени, од кои едното потешко во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, соопшти денеска СВР Куманово.

Несреќата во полицијата била пријавена во 16:20 часот.

– Патничко моторно возило „опел астра“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.П.(40) од Куманово, излетало од коловозот. Во незгодата, сопатничката З.П.(68) од Куманово се здобила со тешки телесни повреди, а возачот и друга сопатничка С.П.(60) од Куманово се здобиле со телесни повреди, констатирани во Општата болница Куманово-соопшти СВР.

Увид извршила екипа од кумановската полиција.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button