ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Опозицијата ќе иницира гласање недоверба и за Спасовски и за Владата

Појавувањето на Мијалков не ја нарушува желбата на опозицијата да го повика министерот Оливер Спасовски на одговорност. Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива ги повикува сите пратеници, вклучително и оние од власта, да размислат за ова прашање. Лидерот на Алтернатива Африм Гаши, изјави дека покрај интерпелацијата за Спасовски, тие ќе иницираат или поддржуваат каква било иницијатива за гласање недоверба на целиот кабинет на Заев.

„Ако биде поднесена иницијатива за недоверба ние ќе ја поддржиме. Ако не биде иницирана, тогаш ние ќе го сториме тоа и ќе бараме да ја поддржат сите пратеници, не само од опозицијата, туку од сите кои сè уште имаат чиста совест и кои гледаат што ни се случува во земјата. Да нè поддржат и да му ставиме крај на ова скандалозно владеење. Не можеме да одиме напред како држава ако владата секој ден ни приредува нов и нов скандал.“

Опозициската коалиција вчерашните настани ги опишува како театар. Од друга страна, интерпелацијата и предлогот за недоверба има поддршка и кај македонската опозиција. Според ВМРО-ДПМНЕ, случувањата од вчера не се ништо друго, освен договор меѓу партиите.

Од СДСМ не гледаат причина да ниту да се гласа недоверба за Владата, ниту за Спасовски. Според нив, опозицијата нема да има доволно гласови за тоа.

Сепак, од опозицијата тврдат дека наскоро може да се формира ново парламентарно мнозинство.

Fatlume Dervishi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button