МАКЕДОНИЈА

Тетовец се обидел да прегази полицајци

Како што информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски, вчера во 21:50 часот, на улица „Михајло Рајчевиќ“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 20-годишниот тетовец А.М., кој дваесетина минути пред тоа одбил да се легитимира и се однесувал агресивно кон нив на улицата „Борис Кидрич“.

„Таму бил паркиран со неговото патничко моторно возило ‘фолксфаген пасат’ со тетовски регистарски ознаки. Во еден момент тој го стартувал возилото и се обидел да ги прегази полициските службеници“, вели Јосифовски.

Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button