ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Тетово: 400 паркинг места, а 40 000 возила

Новинар: Башким Сулејмани

„Како и секоја година, така и оваа година, сообраќајниот метеж во градот Тетово се уште е присутен. Блокирани патишта, особено главната улица на влезот и излезот од градот. Решение нема. Новата администрација на општина Тетово вети дека брзо ќе го реши овој проблем, но сега велат дека се раток период на чело на општина Тетово за да можат да го решат овој проблем“.

Жителите се жалат дека во текот на денот се потребни речиси половина час да се стигне од едниот до другиот дел на градот во центарот. Бараат надлежните да преземат мерки.

“Ниту можеш да возиш, ниту патник можеш да земеш. Ништо. Подобро воопшто да не излегуваме. Нервозата е голема, но пак исто е. како што реков, подобро да не се излегува. Се преземаат некои мерки, но привремени месец-два и стагнираат и пак продолжува истото. Тетово е Тетово не се менува“.

„Ова многу им пречи на возачите. Сообраќајните знаци не се почитуваат. Ова многу ме нервира затоа што јас сум положил во поранешна Југославија. Ова е поради непочитување на сообраќајните знаци и второ, инфраструктурата, урбанистичкиот план кој е штетен за целото население“.

За да се избегне сообраќајниот хаос, за паркирање отворени се два училишни дворови во градот. Запрашан за решението на овој проблем, градоначалникот Билал Касами истакна дека следната недела ќе го обелодени планот за долгорочно решение.

“Идентификувавме две парцели на кои може да се градат катни гаражи кај Пазарот, а со урбанистичкиот план ќе се предвидат уште две парцели за катни гаражи кај судот и на Попова Шапка. Со ова се предвидува бројот на паркинг места да достигне над 1500“, изјави Билал Касами Градоначалник на општина Тетово.

Тетово во моментов има околу 400 паркинг места, а 40.000 регистрирани автомобили. Овој број се зголемува кога во сезона доаѓаат иселениците . Поради ова со години се создава сообраќаен хаос, а решение немало./Алсат.мк

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button