МАКЕДОНИЈА

Трендафилов: Скопје не ги спроведуваше одредбите од спогодбата со Бугарија

Довербата во комуникацијата меѓу Скопје и Софија е изгубена и треба да се врати, вели во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат, Ѓорѓи Трендафилов, претседател на Граѓанско демократската унија (ГДУ).

Како што оценува тој, власта во Скопје не ги спроведувала доследно одредбите од спогодбата.

„Треба да се покаже гест на добра волја, веројатно и од двете страни. Согласен сум дека власта во Скопје не ги спроведуваше одредбите од спогодбата и дека таа треба да покаже подготвеност на делот дека има намера да ги спроведе за да ја врати довербата кај соговорникот“, вели Трендафилов.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button