РЕГИОН

Тргнаа да го тепаат Вучиќ, напнато во Собранието на Србија

Вонредната седница во Собранието на Србија на која се расправа за Косово беше проследена со вербални и физички пресметки меѓу пратениците од опозицијата и српскиот претседател. Пратениците на опозициската десница го нападнаа Александар Вучиќ.

Вучиќ на оваа седница зборуваше за европскиот или француско-германски план за нормализација на односите со Косово, додека опозицијата овој план го оцени како „капитулација за Србија“.

Вучиќ на почетокот на дебатата рече дека целта не е одговорноста да се префрли на оваа институција или на народот. Додаде дека не го покажува целиот европски план пред Собранието, туку само најлошите делови за Србија. Вучиќ потврди дека 90 отсто од она што е јавно објавено за содржината на планот е точно.

„Во точка 4, став 2 пишува дека Србија нема да се противи на членството на Косово во ниту една меѓународна организација. Ми беше кажано дека ќе се соочиме со прекин на преговорите за членство во ЕУ, не само со прекин на натамошните инвестиции, туку и со повлекување на сите инвестиции од вашата земја и други сеопфатни мерки кои треба да покажат како оние кои не се согласуваат со ЕУ треба да заминат“, рече Вучиќ.

На седницата присуствуваа и претставници на Српската листа, главната партија на Србите на Косово. Меѓу нив е и Милан Радоичиќ, потпретседателот на Српската листа, кој е под санкции на Соединетите Американски Држави и Велика Британија.

Шкелзен Аќифи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button