ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Продолжуваат сомнежите на членовите на семејствата на настраданите во „Ласкарци“

Продолжуваат сомнежите на членовите на семејствата на настраданите во несреќата на автопатот кај Ласкарци дека супер-вештачењето што го побараа судот и одбраната на обвинетите има за цел од вина да се ослободат многу од обвинетите, а целиот товар да падне само врз возачот на автобусот. Тој е шестообвинет за кобната несреќа на автобусот на Дурмо турс, во која пред четири години животот го загубија 16 лица, а 37 беа тешко повредени.

Според Благојче Трпевски, татко на еден од загинатите патници, откриен е планот на судечкиот орган и на одбраната да ги ослободат другите обвинети, но рече дека тоа нема да го дозволат.

Одбраната пак, ги повтори ставовите дека во овој случај вината е индивидуална и оти затоа не треба да бидат обвинети сите. Тие за разлика од оштетената страна, изгледаат задоволни од наодите на супер-вештачењето кое го подготви Бирото за судско вештачење. За неколку дена се навршуваат четири години од трагичната несреќ. Досега беа одржани над 100 судски рочишта, но повеќето од нив беа откажани или одложени. Во меѓувреме, судењето за несреќата на автобусот „Беса-Транс“ во Бугарија започна и во исто време беше прекинато, откако сведокот од Царинската управа на С Македонија не се појави.

Ардит Рамадани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button