РЕГИОН

Три деца загинаа во пожар во Хрватска

Три деца загинаа во пожар во куќа во ромската населба Куршанец во градот Чуканец на северот на Хрватска.

Advertisements

Загинаа четиригодишно момче, шестгодишно девојче и осумгодишно момче.

Во пожарот полесно се повредени и 25-годишна жена и двегодишно дете. Според извештајот од болницата, детето се здобило со изгореници од втор степен на прстите на десната рака, а мајката со изгореници од втор степен на десната подлактица и изгореница од прв степен на задниот дел на десната надлактица.

Пожарот, како што објави хрватската полиција, избил доцна синоќа околу 22:30 часот на поткровјето на куќата. На терен интервенирале сите расположливи противпожарни екипи од Чаковец, а по гаснењето на пожарот во куќата пожарникарите ги пронашле телата на трите деца.

Местото и денеска го обезбедуваат полициски службеници, а присутен е и надлежен обвинител кој врши увид за утврдување на причините за несреќата. Истрагата е сè уште во тек.

Мештаните на Куршанец велат дека не паметат ваква трагедија и се сомневаат дека стравотниот пожар го предизвикале кабли кои биле неправилно поврзани.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button