РАКОМЕТ

Триумф на ракометарите на Вардар против Мешков Брест

Екипата на Вардар 1961, ја забележа првата победа во новата сезона на Лига на шампионите, совладувајќи го тимот на Мешков Брест со резултат 35:27. Домаќините доминираа на натпправарот од почеток до крајот, не дозволувајќи му на противникот да се надева на позитивен резултат. Тренерот на црвено – црните, Веселин Вујовиќ им честиташе на домашните ракометари за победата во групните натпреварувања, нагласувајќи дека Вардар ги искористил максимално отсуствата на гостинскиот тим. Третиот натпревар во Лига на шампионите, шампионската екипа на Македонија повторно ќе го одигра на домашен терен, на 29 септември, против Алборг, кој има две победи во исто толку натпревари.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button