СВЕТ

Тројца кинески астронаути успешно се вратија на Земјата (ВИДЕО)

Тројца кинески астронаути денеска успешно се вратија на Земјата по шестмесечна мисија на вселенската станица Тиангонг, соопшти кинеската вселенска агенција, а медиумите ја нарекоа нивната мисија „целосен успех“.

Екипажот, кој беше на кинеската вселенска станица од почетокот на јуни, слета во базата Донгфенг, во Внатрешна Монголија, на северот на Кина, во 20:09 часот по пекиншко време, објави вселенската агенција, пренесува Синхуа.

Според медицинскиот персонал, тројцата астронаути, меѓу кои е и една жена, се чувствуваат добро.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button