ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Американски тим за санкции дојде во Скопје за поагресивно да истражува корупција кај функционери

Американски тим пристигна во Скопје за поагресивно да истражува корупција кај поранешни, но и кај актуелни функционери. Вест за пристигнувањето на Твитер ја објави амбасадорката на САД во земјава, Анџела Агелер.

„Тимот за санкции од Вашингтон е тука за поагресивен поглед на минатите и сегашните корумпирани актери и да ги разгледа сите можни одговори. На правосудниот сектор во Северна Македонија му требаат повеќе истраги и гонење за да се покаже дека никој не е над законот“, објави Агелер.

Амбасадорката уште во пресрет на нејзиното доаѓање јасно порача дека нејзин фокус во земјава ќе биде борбата против корупцијата, а дека корупцијата ја кочи Северна Македонија таа јасно порача и во нејзините јавни настапи во земјава.

И заменик-помошникот државен секретар на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, минатата недела најави дека САД ќе продолжат со воведувањето санкции за корумпирани политичари бидејќи досегашните вродиле со плод.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button