ВЕСТИРЕГИОН

Босна и Херцеговина: Уапсен државниот министер Милош Лучиќ поради корупција

Постапувајќи по наредба на обвинител од Специјалното одделение за организиран криминал, економски криминал и корупција, полициски службеници на Државната агенција за истраги и заштита (СИПА), со асистенција на Министерството за внатрешни работи (МВП) на Босна и Херцеговина на ентитетот Република Српска, денеска спроведоа акција за лишување од слобода на Милош Лучиќ, актуелен министер за човекови права и бегалци во Советот на министри на Босна и Херцеговина.

Како што соопшти Обвинителството на БиХ, се претресуваат и деловни простории, местото на живеење на осомничениот, како и други објекти, заради пронаоѓање докази за сторени кривични дела, пренесува Анадолија.

Осомничениот Лучиќ е под истрага на Обвинителството на Босна и Херцеговина и е осомничен за кривично дело злоупотреба на положба или овластување, поврзано со повеќе коруптивни кривични дела, со кои се нанесени штета на буџетските средства на Босна и Херцеговина, а е остварена противправна имотна корист како и бенефиции за осомничениот и неговите блиски.

Во спроведената истрага се собрани докази дека осомничениот сторил груби злоупотреби во делот на трошење средства наменети за репрезентацијата, незаконски сервисирал возила кај неовластени лица, сторил злоупотреби при вработување, како и низа други незаконски дејствија кои се опфатени со истрагата, посочува Обвинителството на Босна и Херцеговина.

Обвинителот и истражителот на Обвинителството на Босна и Херцеговина ги координираат активностите на полициските органи и ги утврдуваат понатамошните истражни активности што ќе бидат преземени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button