ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Тројца средношколци во Тетово фатени со дрога

Во полициска акција во средните училишта во Тетово, тројца ученици од кои двајца малолетни, биле фатени со наркотици. Според полицијата, еден ученик е приведен во средното земјоделско училиште, еден во тетовската гимназија, а третиот кој наполнил 18 години е уапсен во средното медицинско училиште.

„Секоја година се залагаме за спречување на оваа појава и апелираме до родителите да создадат мост меѓу наставниците и родителите за да бидат свесни каде и со кого се дружат нивните деца. Низ училиштата ова се последните три случаи, но имаме и десетици други случаи кои во текот на годината беа фатени како корисници или дилери во образовните објекти кои беа злоупотребени од поголемите дилери“, рече Фатмир Реџепи Портпарол на СВР Тетово.

Од средното медицинско училиште „Никола Штејн“, велат дека ученикот фатен со наркотици е избркан. Побарале помош и редовни контроли од инспекторите на СВР Тетово за откривање и отстранување на овие случаи.

„Испитан е ученик од нашето училиште кој е четврта година, против него презедовме строги педагошки мерки, бидејќи толеранцијата е нула за овие случаи, бидејќи нашето училиште има над 2.000 ученици. Презедовме строги мерки со бркање на ученикот. Повторно бараме МВР да преземе мерки, да бидеме безбедни, бидејќи ова не се случува само во нашето, туку во сите училишта“, рече Зира Мурати, педагог С.М.”Никола Штејн”.

Иако нема официјален податок, од полицијата велат дека во текот на целата година во Тетово со разни наркотици биле фатени десетици средношколци.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button