ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Царовска на средба со средношколците: Наставата со физичко присуство е најдобра опција

Сојузот на средношколци денеска на онлајн-состанок со министерката Мила Царовска ја поздрави одлуката на Владата за започнување на новата учебна година со физичко присуство под протоколи за заштита на здравјето.

Како што соопшти Министерството за образование и наука, од Сојузот сметаат дека наставата со физичко присуство на учениците е најдобар интерес за процесот на образование, за социјализацијата и заштитата на менталното здравје.

– Задоволни сме од донесената одлука, бидејќи ние и минатата учебна година се залагавме училиштата да останат отворени. Се надеваме дека сите заеднички со почитување на мерките за заштита и протоколите ќе придонесеме за настава во училишни клупи колку што е можно подолго, рече Лука Павиќевиќ, претседател на Сојузот на средношколците.

Министерката и средношколците на состанокот, како што информира МОН; го разгледаа здравствениот протокол за настава со физичко присуство во средните училишта и разговараа за негово надополнување со дополнителни мерки со цел да се обезбеди поголема заштита на учениците, наставниците и родителите.

Министерката Царовска истакна дека учениците се меѓу најважните партнери на МОН во креирањето на образовните политики, но и мерките за заштита од пандемијата.

– Навистина ми е драго што ќе имаме можност новата учебна година да ја започнеме со физичко присуство, бидејќи ние сме земја којашто најдолго ги држеше училиштата затворени поради пандемијата со Ковид-19. Главниот координативен кризен штаб оцени дека се создадени услови за настава со физичко присуство, за што вчера и Владата донесе одлука, рече Царовска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button