ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Царовска: Предлог-законот за учебници повторно отворен за сугестии

Предлог-законот за учебници кој Владата го повлече од собраниска процедура за да биде на јавна расправа, соопшти денеска министерката за образование и наука Мила Царовска.

Царовска не прецизираше кога Предлог-законот повторно ќе биде вратен пред пратениците и соопшти дека дебати ќе има во септември.

– Сега е летен период и ги чекаме експертите. Тој беше достапен на ЕНЕР повеќе од два месеца и сите аргументи беа земени предвид во финалното решение. Сега повторно тој е отворен и граѓаните може да испраќаат коментари, а имаше и претходно мејл-адреса. Очекувам да направиме рунда на дебати од септември, кога сите ќе се вратат од летните одмори и потоа да одлучиме како ќе го пуштиме законот во Собрание, иако ставот на МОН и на Владата е дека не отстапуваме од процесот што е почнат – дигитализацијата која е единствен излез за нашите ученици да станат подобри, рече Царовска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button