ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ за најавените санкции на САД за непочитување на Преспанскиот договор: Ќе ја почитуваме волјата на граѓаните

Ние ја почитуваме волјата на граѓаните, рекоа денеска Антонио Милошоски, претседател на собраниската Комисија за надворешни работи од ВМРО-ДПМНЕ и Тимчо Муцунски, кој е меѓународен секретар на партијата, одговарајќи на прашање дали партијата ќе почне да го почитуваат Преспанскиот договор, во контекст на наредбата на САД, со која и за непочитувањето на Преспанскиот договор се предвидени санкции. И двајцата посочија дека право на секоја суверена држава е да ја заштити својата национална безбедност и демократија на начин на кој смета дека е потребно.

„Стратешки приоритет на ВМРО-ДПМНЕ беше членството во НАТО со заштита на нашиот национален идентитет, а сега и членството во ЕУ. И ние ја почитуваме и ќе ја почитуваме волјата на граѓаните“, изјави Муцунски.

Милошоски, пак, рече „ние сме легалисти“, во однос на тоа дали ВМРО-ДПМНЕ ќе го почитува Преспанскиот договор.

„Имавме во изминатите години искуство со такви санкции, а личностите што беа на црната листа сега се коалициски партнери на Заев. Кога веќе се предвидени санкции и за корупција, би било добро САД да се позанимаваат со фамилијата на власт во земјава“, рече Милошоски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button