ВЕСТИЗДРАВСТВО

Целосно вакцинирано 35 проценти од населението

Во текот на вчерашниот ден направени се 1.529 тестирања, а регистрирани се 111 нови случаи на Ковид-19. Починати се 15 лица, сите во болнички услови, а оздравени се 165 лица.

Согласно податоците од Министерство за здравство, 35 проценти од популацијата во државата примила две дози вакцина, додека според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана барем со една доза.

Резултатите од нова француска студија покажуваат дека вакцинацијата против Ковид-19 го намалува ризикот од хоспитализација и смрт за 90 проценти кај луѓето постари од 50 години и се чини дека е ефикасна против Делта варијантата на вирусот.

-Ова значи дека вакцинираните луѓе имаат девет пати помал ризик за хоспитализација или смрт од Ковид-19 отколку невакцинираните луѓе, изјави за АФП епидемиологот Махмуд Зуреик, кој ја предводи научната група Епи-Фаре.

Во студијата се наведува дека од 14-тиот ден по втората доза на вакцината „забележано е намалување на ризикот од хоспитализација за повеќе од 90 проценти“

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button