ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Туризмот нема работна сила: „И странци да ни дојдат, ќе заминат и тие“

Најавата на властите дека ќе го отвори пазарот на трудот во туризмот за влез на работници од странство, пред сè од Пакистан и Филипини за да се реши проблемот со недостиг на работници, ќе се соочи со проблеми. Од туристичкиот сектор во Охрид велат дека странците веднаш ќе си постават дилема дали воопшто да останат кај нас поради ниските плати.

„Вака ми звучи како научна фантастика. Од Пакистан од Филипини, како тие едвај да чекаат да дојдат кај нас. Кој и да дојде ако знае дека за слична работа во Хрватска ќе добие пет пати поголема плата или во Германија, како ќе го задржите?“, рече Зоран Тунтев-туристички работник.

И странските компании кои работат во охридско-струшкиот регион секојдневно бараат работници. Но и до нив тешко се стигнува.

„…Нас ни требаат луѓе кои знаат да одржуваат роботика и електроника или инженери. Тие не може толку лесно да се најдат, треба да ги таргетирате. Некој ако дојде од странство тие ќе речат, дали ги имаме тие или слични можности во својата земја и доаѓање тука на некој од Филипини, што тоа ќе значи од аспект на сите трошоци поврзани со истото“, рече Виктор Мизо-менаџер на фабрика за автомобилски делови.

Најголем дел од луѓето кои сега работат во овие фабрики доаѓаат од угостителскиот и хотелски сектор. Тоа создава дополнителен притисок врз туризмот и за претстојната сезона. Угостителите ќе мора да се бараат неквалификувани работници, а тоа ќе им носи негативни последици.

„И ќе работаат, ако ги најдеме, ќе се тотално неадекватни и ќе имаме реален проблем со реакциите на туристите…“, рече Зоран Тунтев-туристички работник.

Најголем дел од домашниот кадар во туризмот овие недели веќе заминува или се подготвува да замине на работа, пред сè во Хрватска, каде платите во овој сектор почнуваат со најмалку илјада евра.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button