Тужба против директорот на градинката во Добридол и министерот за труд

Градоначалникот на Општина Врапчиште Исен Шабани, поднесе тужба против директорот на градинката во Добридол и министерот за труд Фатмир Лимани. Ова е поради како што рече Шабани, нефункционирањето на градинката и преземањето на надлежностите од страна на министерот и именувањето на новиот директор.
„Многу сум загрижен за хаосот во нашата Општина, бидејќи тоа е флагрантно прекршување. Го замолувам министерот јавно да ја разбере неговата работа и да ги прочита ингеренциите што ги има. Тие сега ги презедоа ингеренциите, но министерот направи уште поголеми прекршоци. Од тука упатувам да се прочита член 100 став 1 алинеја 4, и член 197 за правата на детето и флагрантните повреди кои ги направил. Никогаш во 34 години немало министер кој извршил ваков прекршок. Истовремено, му се обраќам на премиерот од обвинителството, за да види каков министер има, и треба да биде одговорен за сторените прекршоци и проблемот што ни го направи нам и на нашите деца. Не се малку 95 деца кои не можат да ги следат нивните образовни активности“, вели градоначалникот Шабани.
Обвинувањата на Шабани, министерот за труд и социјална политика Фатмир Лимани ги отфрла како невистинити. На телефонска линија за Алсат, тој рече дека градоначалникот на Општината, спротивно на законот, назначил директор кој немал 240 кредити, што е главен услов за да биде назначен за директор.
„Поранешната директорка не ги исполнува условите, бидејќи била директорка, а примарен услов е да има 240 кредити, додека таа има 180, а врз основа на ова и други законски прекршувања, инспекторатот констатира дека не ги исполнува условите и ја разрешивме, потоа беше назначен една од внатре, и по неколку дена беше разрешена од градоначалникот на општината, со цел да се врати поранешната директорка која не ги исполнува условите. Потоа инспекторатот донесе одлука дека врз основа на овие неправилности треба да се одземат ингеренциите, и е назначена сегашната директорка. Во однос на електричната енергија и други прекршоци, градоначалникот на општината рече дека директорката не го направила планирањето и управувањето со средствата, и она што требало да го направи ова е претходната директорка, да ги планира средствата за да ги изврши исплатите“, вели Лимани.
И додека судирот меѓу Лимани и Шабани продолжува, оние кои страдаат се децата.
Трет ден по ред градинката „Пролет“ во селото Добри Дол, во општина Врапчиште, продолжува да биде затворена и без електрична енергија за учениците.
Контактиравме и со родителите. Иако не сакаа да зборуваат пред камерите, бараа Општината и Министерството да ги решат меѓусебните судири и да не ги жртвуваат учениците за нивниот политички инает.
Башким Сулејмани