ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Учениците се уште чекаат книги по сите предмети

Учениците се уште чекаат книги по сите предмети

Многу ученици од основно образование ja продолжуваат наставата без книги по одредени предмети. Според анкетираните ученици од Алсат, најголем недостиг е забележан по предметите: албански јазик, германски, англиски, географија и многу други. За да не пропуштат лекции, учениците си позајмуваат книги. ماكينات القمار على الانترنت

„Да, недостигаат разни книги, и повеќе страници. Нови се книгите по хемија, но некои се стари. 1xbet عربي По албански јазик, германски, повеќето од нас ги немаат овие книги и по географија исто така“,рече една ученичка.

„Математика, хемија, физика, германски, географија, албански јазик. Сите, ги немаме овие книги. Сега повеќе пишуваме…”, дода друга ученичка
Дали фотокопираше некоја книга?
“Не, сè уште не, но треба, се разбира без обврзување од наставниците“, рече ученичка.

Дел од учениците рекоа дека веќе користат електронски книги преку веб-страницата e-ucebnici.mon.gov.mk

„Јас лично ги имам сите книги, но некој што нема книги, му помагаме преку Интернет и веб-страницата e-ucebnici, таму можеме да ги најдеме сите книги, можеме и од таму да учиме“, изјави една ученичка.

Во ОУ „Васил Главинов“ во Чаир, разговаравме со наставничката по англиски јазик.

„Имаме книги, но немаме доволно за учениците, а знаете дека секоја година се предаваат книги од минатите генерации, некои се оштетени, некаде недостасуваат страници, па учениците имаат проблеми со книгите. Има уште еден проблем затоа што книгите на англиски јазик имаат стара програма, додека новиот концепт треба да се најде во други книги кои сè уште не сме ги добиле. قواعد لعبة بلاك جاك На учениците им предлагам да бараат и преку интернет…предметот е општ и од интернет можат да добијат се“, изјави Лумтурије Лецај наставничка ОУ „Васил Главинов“.

Од Министерството за образование го повторија ставот дека училиштата добиле онолку книги колку што побарале но и дека овој процес ќе продолжи./Alsat.mk

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button