ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Училишта ги гланцаат оџаците исплашени дека ќе снемаат нафта за греење

Во многу села се чистат оџаците на основните училишта и се спремаат да се греат на дрва ако на тоа ги натера енергетската и економската криза, пишува Алсат.

Advertisements

Во основното училиште „Лиман Каба“ во село Љуботен, општина Бутел, обезбедено е гориво за греење за целата зимска сезона, но прекините на струја може да им предизвикаат проблеми.

“Никогаш не сме имале проблем со нафтата, но со струјата, да, секогаш имаме. Прилагодени сме на струја, но не само оваа година, проблем со струјата имавме и претходните години. Не е проблем само греењето, ние имаме проблем и со водата. Ако немаме струја, нема ни вода, а во тој случај чистотата нема да биде на потребното ниво. Се надевам дека ќе имаме поддршка во иднина ако имаме криза да искористиме агрегат или дрва.„ рече Ајфер Дибрани, директорка на О.У „Лиман Каба“, село Љуботен.

Новинар: Може ли повторно да се вратите на дрва?

Ако има потреба, да. Тука сме за децата да не заостануваат. Имаме оџаци.

Тешка зима се очекува и за основното училиште „Наим Фрашери“ во Студеничани. Во моментов имаат гориво за греење само за еден месец. За останатиот дел зависи од компаниите.

„Со она што досега сме снабдени, мислам дека ќе издржиме само еден месец, од тоа колку тони нафта имаме. Мислиме дека во иднина можат да се сменат цените, затоа компаниите не ни дозволуваат отсега да плаќаме и да се снабдиме. Ќе зависи и од компанијата од каде што го обезбедуваме горивото. Вчера имаше друга цена, денеска имаше нова цена, цената постепено оди нагоре. Училишните оџаци се сите во функција, исчистени се од страна на техничкиот персонал.“, рече Бурак Алиу, секретар на О.У „Наим Фрашери: село Студеничани.

Со одлука на Владата, градинките, училиштата и некои други институции кои беа на слободниот пазар за струја, се префрлени на регулираниот пазар под надлежност на ЕСМ. Тоа значи дека ќе плаќаат пониски сметки.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button