ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Училиштето во Визбеговo се очекува да биде готово следната есен

Децата од населбата Визбегово во Скопје со нетрпение ја очекуваат изградбата на новата училишна зграда, на која работите почнаа во јануари годинава. Во моментот кога екипата на ТВ Алсат ја снимаше реализацијата на градежните работи, група деца будно ги следеа веќе завршените работи. Речиси секојдневно се гости на работниците во училиштето каде што се гради за да дознаат до каде стигнале градежните работи.

„Сега кога го имаме училиштето поблиску, ќе ми биде подобро, ќе ни биде полесно да дојдеме на училиште. Доаѓаме секој ден и ги гледаме мајсторите како работат. Среќни сме што се гради училиштето“…

„Сега ќе сум петто одделение, но се надевам дека кога ќе одам во шесто, ќе учам во новото училиште. Секојдневно доаѓаме со пријателите и гледаме до каде е изградбата на училиштето“, рекоа учениците.

Селајдин Бехадини, одговорен за инсталација на струјата во оваа нова училишна зграда, рече дека работите се одвиваат според предвидениот план. Тој е оптимист дека училиштето ќе биде готово во предвидениот рок за изградба.

„Во моментов нема прекини и работите се одвиваат нормално.
Ние сме оптимисти дека се ќе биде завршено во временската рамка што е планирана за овој објект. Нема никакво поместување од проектот, ниту еден милиметар, јас секогаш зборувам како надлежен за инсталација на струја, се е дефинирано со проектот од фирмата што го направила проектирањето и верувам дека во наведениот рок, динамиката што ја определи Министерството за образование, ќе се реализира“, вели Бехадини.

Новиот училишен објект во Визбегово се очекува да биде пуштен во употреба за учебната 2023-24 година, а во него во 17 паралели ќе учат 500 ученици. Поради недостиг на основно училиште во Визбегово, над 1400 ученици од оваа населба беа принудени да учат во различни училишта во трите скопски општини, Бутел, Чаир и Шуто Оризаре и да пешачат по повеќе од 3 километри.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button