ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Летото носи сообраќајен хаос во Тетово

Тетово и ова лето се соочува со стари проблеми, фреквентен сообраќај и блокирани патишта. Локалните власти ветија дека ќе го забранат сообраќајот на булеварот и ќе спречат влез на комби возила во градот.

Беше најавено и блокирање на булеварот Илирија од вториот до следниот кружен тек, од први овој месец до крајот на август, но тоа не се случи.

Од општина Тетово се жалат дека Министерството за внатрешни работи ги блокира и не дозволува да се преземат мерки за булеварот Илирија и за другите сообраќајници.

„СВР Тетово не дозволува реализација на активноста иако е во целосна надлежност на локалната власт. Иако бевме сведоци дека во изминатите години беше традиција во текот на летото не само овој булевар, туку и другите сообраќајници да се затвораат и тоа никогаш не му пречело на МВР. Нема друг начин да се објасни ова освен политичка заднина против Општина Тетово“, изјави Бесар Дурмиши, Општина Тетово.

Од СВР во Тетово велат дека патиштата не смеат да се пренаменуваат и користат за други потреби и намени.

„Бараме граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила бидејќи во оптек се три пајак возила кои функционираат во рамките на општинската служба и ги отстрануваат сите погрешно паркирани автомобили. Во случај на потреба патроли има на секоја обиколница или клучка од градот, а во случај на потреба сообраќајот се пренасочува за растеретување на патиштата кои се фреквентни“, рече Фатмир Реџепи, портпарол на СПБ Тетово.

За една недела во Тетово се изречени над илјада казни. Но, и покрај мерките, состојбата на улиците во градот воопшто не е променета.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button