ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Угостителите со барања до Владата за ублажување на кризата

Безусловна помош за вработените во угостителската индустрија до крајот на пандемијата, надомест за штетата направена со последната рестриктивна мерка со работа до 18 часот. Ова се дел од барањата на угостителите кои денеска се сретнаа со вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Освен тоа, се бара достапност до долгорочни бескаматни државни кредити, изедначување на ДДВ за угоостителските субјекти согласно ветените 10 проценти, како и одлагање или репрограмирање на сите извршни постапки врз угостителите. Тие очекуваат Владата да издаде гаранција за сите од овој сектор во висина од 10, 20, 50 или 100 милиони евра со која ќе се обратат до банките.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button