ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Македонија нема датум за преговори со ЕУ, нема ни датум за вакцини, ама има план!

Националниот план за вакцинација нема одреден датум кога ќе се спроведе. Сè останува на милост и немилост на судбината, имено сè зависи од пристигнувањето на вакцините против ковид. Алсат го обезбеди документот за имунизација на населението во С. Македонија.

Министерство за здравство

„Процесот се следи преку системот Мој термин каде што таргетираните граѓани закажуваат термин, се евидентира кој ја примил вакцината и други детали. Преку матичниот број на пациентот се одредува распоредот на првата и втората доза, како и серискиот број на вакцината со времето на вакцинирање во центарот за вакцинација.“

 Според првата фаза од планот со ограничен број на вакцини 1% – 10% од целта, предвидени се близу 185 илјади дози за медицинскиот персонал во ковид центрите, во ургентните центри, во јавни и приватни болници, за лаборантите кои ги прават тестовите, вработените во центри за лица со посебни потреби и старски домови. Од нив 170 илјади дози за ранливите категории над 70 години.

 Фаза 1 од Планот за вакцинација

13.000 дози за ковид центрите, ургентни центри, клиники и јавни и приватни болници

1.200 дози во центри за лица со посебни потреби и домови за стари лица, лаборатории

170.000 дози за ранливите категории над 70 години

 Во втората фаза се предвидени близу 220.000 дози и тоа за армијата, полицијата, цариниците, пожарникарите, судовите, Собранието, Владата, образованието, градинките, фармацевтите, стоматолозите, матичните лекари, персоналот за вакцинирање, вработените во Институтот за јавно здравје и Центарот за здравство, од кои 192 илјади за хронично болни од 25 години и нагоре.

 Фаза 2 од Планот за вакцинација

192.000 од 25-65 години со тешки болести за категории над 65 години

7.800 дози за матични лекари, за оние кои вакцинираат ИЈЗ/ПЗЗ, фармацевти и стоматолози

13.000 дози за полицајци, цариници, пожарникари, судови, армија, Собрание и Влада

8.000 дози во образованието кои работат со физичко присуство и во градинките

 Во третата фаза се очекува да бидат дадени 930.500 дози на вработените во прехранбената и фармацевтската индустрија. За вработените во банките, поштите, фабриките, транспортот, земјоделството, затворите, за бездомници, сиромашни, како и за граѓани кои се во помала здравствена опасност и оние на возраст од 30-64 години.

Фаза 3 од Националниот план за вакцинација

30.000 дози за вработените на местата кои се од витално значење за функционирање

241.500 дози банки, пошти, фабрики, во транспорт, затвори, бездомници

655.000 дози со помал здравствен ризик од 30-64 години

 Бројни критики на овој план стигнаа од самиот персонал кој треба да го спроведе истиот. Особено за залудните ветувања од некои држави за донации или за продавање на вакцини. Еден од раководителите на главната лабораторија на ИЈЗ, тело кое исто така ќе има клучна улога во вакцинацијата, вели дека тоа зависи од политиката.

 „Искрено и претходно постоеше план, но всушност Македонија не е земја што може да креира планови затоа што е добро познато дека вакцината беше наменета за земјите од ЕУ, додека С Македонија беше планирана од една земја на ЕУ да има пратка од тие дози. Потоа гледате дека се прават повеќе политички калкулации отколку вистински план за здравствени потреби.“

Вакцините се очекува да пристигнат преку меѓународниот аеродром во Скопје и преку еден од копнените гранични премини, кој најверојатно ќе биде Табановце. По пристигнувањето ќе бидат транспортирани во фрижидерите каде ќе се чуваат со зголемена безбедност.

 Подготви: Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button