ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Угостителските маси и столици низ Охрид, се диво поставени

Угостителските маси и столици низ Охрид, се диво поставени

Целата опрема од маси и столици на угостителските објекти е поставена на диво. Општината донесе програма за урбана опрема, но се уште се чека на одобрение од Заводот и музеј Охрид. Градоначалникот Пецаков обвинува дека Охрид ќе се соочи со сериозен проблем пред почетокот на туристичката сезона.

„За прв пат Завод и музеј наместо да ни даде позитивно или негативно мислење, ако има некоја забелешка,програмата е испратена во националната комисија за УНЕСКО. Најмалиот проблем е дали ние ќе поставиме урбана опрема и сите оние активности кои во текот на летото се дел од охридската понуда. Имаме проблем со објектите, кои работат без одобренија, без платена комунална такса. Општината е оштетена но и тие немаат документ за начинот на работа“, рече Кирил Пецаков-градоначалник на Охрид.

Реагираат и угостителите кои стравуваат дека инспекциските служби, можат да им пишат казни.

„ Урбана опрема треба зима, лето да има.Не треба да чекаме први мај или септември да заврши. Треба цела година да се работи. Не треба да чекаме, со закани ќе ви пишеме казни. Наместо да не поттикнат да направиме што повеќе за градот, ова е уште една кочница. Гостите зошто доаѓаат за по улицата да поминат, ако нема никаде содржина да застанат“, нагласи Љупчо Патчев-угостител.

Од охридскиот музеј велат дека во законскиот рок изработиле стручно мислење за поставувањето на урбана опрема, и сега е доставено до Управата за културно наследство која треба да оцени дали преземените активности негативно влијаат врз регионот,а се нотирани во препраките на УНЕСКО.Од таму велат дека по добивањето на документот ќе го достават до општината./Алсат.мк

Мики Трајковски

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button