СПОРТФУДБАЛ

Покетино: Еден ден ќе го освоиме и Премиер Лигата

Челси е далеку од она кое го очекуваа навивачите, со оглед на фактот дека тимот под водство на Тод Бојли потроши милијарда за засилувања. Меѓутоа сезонава „сините“ имаат проблеми со резултатите, и се борат само за излез во Европа, а не и за титулата што беа очекувањата на фановите на овој клуб.

Маурисио Покетино е пред отказ од клупата, но тој и натаму е оптимист. Често напоменува дека ова е процес кој треба да го разберат навивачите, но нивната верба се повеќе згаснува.

„Секако дека и јас сакам да ја освоиме Премиерлигата. И тоа ќе го направиме еден ден. Ако не, тогаш сигурен сум дека некој друг тренер ќе го стори тоа. Ова е процес кој мора да се случи. Нашите навивачи мора да разберат дека ова е нов проект со различни идеи“, рече Покетино.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button