СПОРТФУДБАЛ

Гвардиола: Неизвесно колкав товар ќе може да издржи Де Бруине во дербито

Tренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, е во неизвесност дали ќе го има на располагање играчот од средниот ред Кевин де Бруин за дербито со Арсенал. 32-годишниот Белгиец го пропушти четвртфиналниот натпревар од ФА Купот со Њукасл (2-0) поради повреда на препоните.

„Кевин ни е многу важен. Ова е тешка сезона за него поради повредите. Беше отсутен долго време. Тој тренираше добро. Сепак, сѐ уште е неизвесно колкав товар ќе може да издржи Де Бруин со оглед на важноста на дербито“, изјави Гвардиола.

Во оваа сезона Де Бруин одигра 14 натпревари на кои постигна два гола и забележа 13 асистенции. Манчестер Сити е третопласиран во Премиер – лигата со 63 бода. Гвардиола за дербито против Арсенал на „Итихад“ нема да може да смета и на Кајл Вокер и на Џон Стоунс во одбраната./Мakfudbal/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button