ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во Елез Хан е уапсен државјанин на Македонија осомничен за пуштање во оптек фалсификувани пари, поточно американски долари

Во Елез Хан е уапсен државјанин на Македонија осомничен за пуштање во оптек фалсификувани пари, поточно американски долари

Во Елез Хан е уапсен државјанин на Македонија со иницијали И.Д. Педесет и четиригодишниот е осомничен за пуштање во оптек фалсификувани пари, поточно американски долари. Дирекцијата за истрага на економски криминал и корупција, го фати осомничениот на дело за време на неговиот обид да пушти во оптек голема сума долари во Косово.

Осомничениот, фалсификатите од 100 долари ги продал за 40 долари. Конфискувани се вкупно 96.000 американски долари. „Во текот на полициската операција конфискувани се 960 банкноти од вкупно 100 долари 96 илјади долари, возило кое во случајот го користел осомничениот и мобилен телефон“, соопштуваат од полицијата. Сите истражни дејствија се преземени во координација со Специјалното јавно обвинителство во Косово. Осомничениот бил сослушан во присуство на неговиот адвокат, а потоа му е одреден 48 часовен притвор.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button