Украина под нов бран руски напади со дронови и ракети

Во текот на ноќта меѓу 11 и 12 февруари, руската армија изврши уште еден напад со беспилотни летала врз Украина. На 12 февруари, украинските воздухопловни сили објавија дека противвоздушните системи уништиле 14 од 17 беспилотни летала, како и една крстосувачка ракета Kh-59.
Воздухопловните сили, исто така, соопштија дека руската војска истрелала ракети земја-воздух со долг дострел С-300, но не кажаа колку и дали погодиле некоја цел.
Гувернерот на областа Харков во североисточна Украина, Олех Синјехубов, доцна на 11 февруари изјави дека Русија го нападнала неговиот регион со проектили истрелани од руската област Белгород, која граничи со Украина.
Според прелиминарните извештаи, рече Сињехубов, нема жртви, но оштетени се некои нестанбени објекти.