ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Улицата кај „Рекорд“ ќе биде претворена во пешачка зона

Пред крајот од својот мандат скопскиот градоначалник Петре Шилегов повторно ја актуелизираше идејата, главната улица во центарот на градот, покрај Рекорд, да биде пешачка зона. Овој план Шилегов го најавува за 2023 година кога е предвидено на скопските улици да возат и брзите автобуси. Градоначалникот тврди дека затворањето за сообраќај од Триумфалната порта до Ловец, нема да направи дополнителен метеж во сообраќајот во централното градско подрачје.

„Дефинитивно нема да има дополнителен хаос. Значи., апсолутно таму може да се направи целосен проод на тој коридор и воопшто нема да има потреба од грижа“, рече Шилегов.

Граѓаните велат дека идејата е добра, но стравуваат дека гужвите ќе бидат неизбежни, а учесниците во сообраќајот ќе бидат нервозни и напнати додека возат низ центарот на Скопје.

„Негативно, јас мислам дека нема да биде изводливо тоа.“
„Јас мислам дека нема да биде изводливо. Многу коли се и ќе нема каде да се паркираат, нема паркинг места“, рекоа жителите.

Целта на овој проект според локалните власти е на граѓаните да им бидат овозможени алтернативни начини на движење, а автомобилите да се стават во втор план. Но, многу често кога улица во центарот на Скопје е затворена за сообраќај, се случува тотален колапс во сообраќајот.

А, скопјани веќе навикнаа да возат во тотален хаос кога во центарот на главниот град се одржува некој протест, демонстрација или пак, главната сообраќајна артерија е затворена поради друга причина. Локалните власти засега не откриваат која ќе биде алтернативата на улицата кај Рекорд. Дали постоечките булевари ќе станат еднонасочни улици.

Централното градско јадро да биде пешачка зона, Шилегов најави уште пред три години. Но, освен ова, како еден од поголемите проекти се најавуваше и тунел под скопското Кале, кој требаше да ги поврзува булеварот Климент Охридски кој поминува близу владината зграда со познатата пластичарска улица. Но, засега ова е далеку од почеток на реализација.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button