ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Бројот на новозаразени со Ковид-19 продолжува да паѓа

Само три нови случаи на Ковид 19 се пријавени во последните 24 часа од вкупно 1.325 извршени тестови. Вакви бројки немаше во дневната табела со податоци на Институтот за јавно здравје од почетокот на пандемијата. 45 пациенти се излекувани додека пет лица починале како резултат на компликации.

Процесот на вакцинација продолжува да тече, но со помал интензитет. Поради недостаток на дози на вакцини, во повеќето пунктови се прави само ревакцинација на оние кои ја примиле првата доза, додека во моментот има помалку од пет илјади вакцини достапни за првата доза. Министерот за здравство рече дека чекаат дополнителни количини со вакцини.

АЛСАТ ја посети поликлиниката Чаир, која е исто така пункт за вакцинација за да се види текот на процесот.

„Во моментов се одвива втората доза, со ревакцинација на Синофарм. До петок бевме со првата доза на Aстра & Зенека, додека од петок попладне завршивме со оваа вакцина и продолживме со втората доза на Синофрам и сега чекаме нови вакцини”, рече Албина Бекташи Ќерими, докторка во поликлиниката Чаир.

Бројот на граѓани вакцинирани досега е 315.781, додека 81.273 граѓани се вакцинирани со две дози. Освен граѓаните кои се појавија на веб-страницата вакцинација.mk, вакцинирани се и лица со ретки болести, хронично болни и вработени во јавниот сектор кои имаат поголем ризик да бидат заразени од Ковид 19.
Вјолца Алити

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button