ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Измени во Кодексот за етика за новинари и решавање на прашањето за онлајн медиумите, бараат експертите

За време на пандемија, новинарите се соочуваат со огромни предизвици за точно известување за корона вирусот, преку механизмот за саморегулација. Сепак, дел од медиумите, особено онлајн медиумите, известуваат неточно, сензационално, па дури и ја нарушуваа приватноста на личните податоци за одредени политички или комерцијални интереси. Ова е оценката за медиумското известување за време на пандемијата ширум светот, вклучително и во нашата земја.

Комуникологот Сефер Тахири, потенцира дека покрај вакцината против корона вирусот, мора да се најде и вакцина против лажни вести, бидејќи според него, слободата на медиумите често се злоупотребува. Според Тахири, треба да се направат измени во Кодексот за етика за новинари, во корелација со измени во известувањето наметнати од пандемијата.

„Во овој период имавме новинари кои не само што ја вршеа својата работа професионално, туку на некој начин се жртвуваа. Дел од нив влегоа во Клиниката за инфективни болести со заштитна опрема, а знаеме дека имаше опасност да се заразат. Заради јавниот интерес, некои новинари имаа храброст да се заразат, односно да го прифатат ризикот да бидат заразени, но само да им служат на граѓаните. Од друга страна, честопати имавме медиумски манипулатори кои ги кршеа професионалните стандарди секој ден емитувајќи лажни вести, заговори и сензации“, рече Сефер Тахири, комуниколог.

Поранешниот новинар Мирче Адамчевски ја нагласува итноста за решавање на прашањето за порталите.

Мисијата на ОБСЕ во Скопје, исто така, поддржува саморегулација, но во рамките на медиумско функционирање.

„Медиумите играат важна улога во подигањето на свеста за актуелните проблеми, но исто така и во искоренувањето на постоечките митови и дезинформации. Зачувувајќи ја оваа витална функција, саморегулацијата ја штити независноста на медиумите, слободата на изразување. Слободните медиуми се суштината на демократскиот развој, што е постојан, бесконечен процес“, рече Илона Казарјон, Мисија на ОБСЕ во Скопје.

Борба против лажните вести и заговори, позната како Инфодемија, беше „прогласена“ од самата Светска здравствена организација, бидејќи лажните вести во различни периоди ја зголемија загриженоста на луѓето на глобално ниво.

Анеса Салиху

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button