ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Уметници: Лошото менаџирање со Ансамблот доведе до сегашната криза

Уметници: Лошото менаџирање со Ансамблот доведе до сегашната криза

Кореографот Емин Гаџа оценува дека последните настани во Ансамблот за песни и ори на Албанците, кога на 33 уметници не им се продолжени договорите за работа, се резултат на лошото менаџирање на директорот Шкодран Толај.

„Да бидам искрен, ова не ме чуди бидејќи го кренав гласот пред две години. Кога го кренав гласот, Артан Груби и неговата компанија не бираа метод за да ме избркаат од Министерството за култура, кога реков дека овој човек е промашен. Овој човек не го мисли најдоброто за Ансамблот, овој човек никогаш не разбрал дека Ансамблот беше создаден за албанската култура и традиции, а не да му служи на Шкодран. И денес ова што се случува е последица на не-искреното и лошо менаџирање на овој човек и кланот што го опкружуваше. Отсекогаш сум велел, Валмир Азири, Шкодран Толај, Бесијана Мемеди се ракот на албанската култура и затоа ни се случуваат овие работи“, рече Емин Гаџа, кореограф.

Според кореографот Гаџа, обвинува директорот дека уметниците останале без работа поради негов личен интерес.

„Уште полошо е што сега го користат за политички прашања. За дневна политика. Кога бевме ние беше вака, кога дојдоа овие, вака беше. Што е најлошо. Мене не ме интересира ни политика, ни партија..Греота пред Господ, 34 луѓе да останат без работа поради личен интерес. Наскоро ќе видите, целата негова тактика е како тој да остане во Ансамблот. Тоа е целиот проблем“, додаде Емин Гаџа, кореограф.
Гаџа е оптимист дека ситуацијата создадена со уметниците ќе се реши./Алсат.мк

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button