ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Уште две клиники во Скопје се подготвуваат да бидат претворени во ковид центри

ОРЛ и Очната клиника се подготвуваат да станат ковид центри. Се започнаа со реновирање на внатрешните простори. Во меѓувреме, медицинскиот персонал се обидува да ги извршува и секојдневните здравствени прегледи. Пациентите со проблеми со очи, уво, нос и грло изразуваат загриженост за тоа каде ќе бидат лечени.

“Додека се изведуваат работи во просториите на ОРЛ и очната клиника, сите термини се откажани и се прифаќаат само итните случаи, како што можете да видите во известувањето “

Лекарите им се жалат дека  работниците ги попречуваат во работата.

 „Колку е тешко за вас да направите прегледи во вакви  услови? Катастрофа, тоа е сè што можам да кажам! “

„Дали е ова е неопходно сега, јас не можам да работам! Колку е тешко да се работи во овие услови?

Од Министерството за здравство велат дека во текот на оваа недела овие два оддела ќе бидат пуштени во употреба за прием на пациенти заразени од Ковуид. Покрај четирите интерни одделенија што сега се адаптирани во Ковид центри, од ова Министерство планираат во случај на континуиран раст на бројот на пациенти за болничко лекување, и зградата на Ургентниот центар да се трансформира во Ковид центар.

Министерство за здравство

Број на пациенти примени по градови: Охрид 100, Прилеп 94, Куманово 88, Битола 83, Струмица 80, Штип 69, Велес 63, Гостивар 47, Тетово 43, Кавадарци 39, Струга 33 и други. “

 Вкупниот број на пациенти кои се лекуваат во болница во моментов е 1.134 низ целата земја, а има уште 90 слободни кревети, соопшти Министерството за здравство.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button