ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Законот за финансиска помош на граѓаните во Собрание

Предлог законот за финансиска подршка на граѓаните влезе во собраниска процедура. По шест илјади денари на сметка ќе добијат пензионерите кои имат до 15 илјади денари пензија, самохрани родители, деца без родители како и невработените пасивни баратели на работа. Конечната листа ќе биде објавена на веб страната купувам домашно, откако Законот ќе биде изгасан во Собранието. Граѓаните со внесување на својот матичен број ќе може да проверат дали се добитници на парична помош. Парите на можат да се подигнуваат, а со нив може се купуваат македонски производи.

„Корисниците на финансиска поддршка ја користат исклучиво за купување на македонски производи и услуги кај правни и физички лица од Листата на даватели на македонски производи и услуги, во периодот од денот на приемот на средствата на трансакциска сметка до 25.12.2020 година.“

За разлика од првата мерка кога можеше секаде да се пазарува, сега сите правни субјеки,односно продавници, бутици, маркети и слично кој имаат македонски производи ќе треба да се пријават се најдат на листата на даватели.

„Генералниот секретаријат на Владата во рок од пет дена од денот на влегувањето во сила на овој закон на интернет страницата www.kupuvamdomasno.gov.mk, објавува јавен повик за пријавување на правни и физички лица вршители на стопанска дејност за упис во Листа на даватели на македонски производи и македонски услуги,“

Граѓаните парите ќе ги добијат на нивната трансакциска сметка, оние што немаат отворено сметка или им е блокирана банката бесплатно ќе им изготви нова трансакциска сметка и платежна картичка. За мерката предвидено е да се потрошат 27 милиони евра.

Andrea Çobanova

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button