ВЕСТИ

Уште еден месец „локдаун“, Сиднеј и натаму во карантин, расте бројот на заболени

И покрај ограничувачките мерки, бројот на новоинфицирани со коронавирусот во Сиднеј расте, поради што властите на Нов Јужен Велс одлучија да го продолжат заклучувањето во тој милионски град за уште еден месец.

Претходните ограничувачки мерки требаше да истечат в петок, но сега ќе бидат продолжени до 28 август, изјави премиерот на оваа австралиска држава, Гладис Берегилијан, пренесува Ројтерс.

„Сакаме да го заштитиме нашето општество и да се осигураме дека ќе закрепнеме што е можно поскоро“, рече таа.

Според последните податоци, регистрирани се 177 нови случаи на ковид 19.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button