ЗДРАВСТВО

Од 416.614 вакцинирани лица, само 167 се заразиле со Ковид-19

Од 416.614 лица кои се вакцинирани со две дози на вакцина против Ковид 19 заклучно со вчерашниот ден, вкупно 167 се заразиле 14 дена по примена втора доза вакцина. Само 11 од нив биле хоспитализирани, информираше денеска Министерството за здравство.

Според Министерството, ова е показател дека бројот на заразени од вакцинирани е многу мал, и потврдува дека вакцината е корисна и претставува единствен начин да се смени сликата зa пандемијата.

-Според последната анализа од 1 до 31 јули, регистрирани се вкупно 809 случаи на позитивни од тестирани за Ковид 19. Од нив, 82 лица се заразиле по поминати повеќе од 14 дена после вакцинација со втората доза. Ова укажува на фактот дека вакцината е ефикасна само кога се примени две дози и кога од примената втора доза има поминато повеќе од 14 дена, соопшти Министерството.

Оттаму посочуваат дека само 10 проценти од сите активни случаи во јули, се заразиле со ковид по примена втора доза.

Меѓу позитивните, има вакцинирани со Синофарм, Астра Зенека, Спутник В, Фајзер, а има и заразени кои се вакцинирале во странство со вакцината на Модерна.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button