ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Уставните измени ги поделија и аналитичарите

Поделени ставови на аналитичарите и дипломатите за уставните измени. Коментирајки ги последните случувања во однос на уставните измени и вметнувањето на Бугарите во Уставот, аналитичарот Жидас Даскаловски, вели дека уставни измени нема да да се случат и дека сите обиди да се предомисли опозицијата ќе бидат неуспешни.

„Тие се очајни и комични обиди на ДУИ и СДСМ да издејствуваат промена на ставот на ВМРО ДПМНЕ и гласање на уставните измени. Се разбира дека земјата е зрела за парламентарни избори бидејки оваа криза е нерешлива“, смета Даскаловски.

Поранешниот амбасадорот Ѓорѓи Филипов има поинаков став и вели дека е крајно време власта и опозицијата да најдат заеднички јазик за напредок на државата.

„Од овој геостратешки аспект е крајно време да престанат тие препукувања и конечно да се заземе тој став дека мора понатака да се продолжи така без разлика на сите пречки и подметнувања што ни се пружат и сите неправди што се нанесуваат од страна на дел од нашите соседи“, вели Филипов.

Даскаловски и Филипов имаат различни гледишта и за тоа дали Бугарија ќе има или не нови услови кон Македонија.

„Таквите ветувања се ветувања за мали деца. Знаеме дека имаат можности, знаеме дека ќе ги искористат ако мислат дека тоа треба да го направат. Проблемот настана кога власта ги туркаше сите овие договори без да се консултира со опозицијата и со јавноста“, нагласи Даскаловски.

„Сметам дека нема да има други барања,затоа што ова се барања, без разлика како ги нарекува опозицијата од свои лукративни причини, дека биле бугарски, тоа не е точно. Тие се сега диктат на Европска унија. И нам ЕУ ни диктира што ние не почнуваме преговори со Бугарија, туку што почнуваме со ЕУ. А таму веќе нема гласања, нема вета од друг карактер. Ветото е дадено пред почнување на преговорите, кога ќе почнат преговорите веќе нема вето. Вето можеме само ние самите да си дадеме,како што гледам дека можеби некој сака и тоа да го направи“, рече Филипов.

Филипов повикува до такво нешто да не дојде,бидејки како што вели интересите на заедничката држава се многу поголеми од интересите на било кој поединец и политичка партија.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button