ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Утре КЗБ на средба за ширењето на Делта варијанта на Ковид-19

Комисијата за заразни болести ќе се состане утре за да разговара дали ќе бидат воведени некакви нови ограничувања против корона вирусот поради ширењето на делта варијантата од Индија. Во исто време, од утре стартува вакцинацијата на сите вработени во основното и средното образование. Според властите, ќе бидат имунизирани сите вработени, вклучително и техничкиот персонал. Од следната недела се очекува да бидат закажани термини и за вработените во високото образование. Институтот за јавно здравје објави дека во последните 24 часа биле регистрирани само 4 нови случаи на ковид од извршени 2.760 тестови. Двајца граѓани од Скопје и двајца од Тетово. Починати нема, а како излекувани се водат 6 пациенти.

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button