СПОРТФУДБАЛ

Утре почеток на 17. коло од ПМФЛ

Утре започнува 17 – то коло во Првата фудбалска лига на Македонија, со мечот во Тетово, каде Ренова ќе игра против Шкупи. Останатите пет натпревари ќе се одиграат во недела. Актуелниот лидер, Шкендија, ќе биде на гости и ќе се сретне со Академија Пандев во Струмица. Следното скопско дерби ќе се одржи на стадионот Тодор Проески, каде Вардар ќе се соочи со Македонија Ѓорче Петров. Пелистер и Борец ќе бидат домаќини на екипите на Силекс и Беласица. Жестоко ќе биде и во Струга, каде домашниот тим ќе го пречека Работнички, што е повторување на дуелот од Купот на Македонија. Сите натпревари започнуваат во 13 часот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button